Џонсон стравува дека Украина ќе биде принудена да склучи „лош мир”

Борис Џонсон и Володимир Зеленски
Борис Џонсон и Володимир Зеленски во Киев, Украина / 17 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека стравува дека Украина може да се соочи со притисок да преговара за мировен договор со Русија што не е во нејзин интерес – поради економските последици од војната во Европа.

„Премногу земји велат дека ова е европска војна што е непотребна… и затоа ќе се зголеми притисокот за да се охрабрат – можеби да се принудат – Украинците на лош мир”, изјави тој за телевизиските станици во главниот град на Руанда, Кигали, каде што присуствува на самитот на Комонвелтот.

Џонсон рече дека последиците од евентуалното остварување на плановите на рускиот претседател Владимир Путин во Украина ќе бидат опасни за меѓународната безбедност и ќе значат „долгорочна економска катастрофа”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот