Џокер забременува во најновиот стрип на „DC“

Фото: Принтскрин - Твитер

Во едно од најновите изданија за 2023 година, американскиот издавач на стрипови „DC“ изненади со приказна во која ликот на Џокер забременува, а потоа го раѓа својот наследник.


Пресвртот за кој станува збор доаѓа во четвртиот број напишан од Метју Розенберг и нацртан од Франческо Франкавила. Оваа приказна прикажува конфронтација помеѓу Џокерот и Затана, во која Затана фрла една од нејзините магии.


Џокерот се буди следното утро и дознава дека одеднаш е во деветтиот месец од бременоста и е подготвен да се породи. Потомокот на Џокер во првите моменти на живот изгледа како суштество од кал, но набрзо се трансформира во мини Џокер.


Овој заплет и акција беше пречекан со поделени реакции на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот