Џејми Ли Кертис: Брат ми почина од предозираност со хероин, а јас делев дрога со татко ми

џејми ли кертис
ФОТО: EPA-EFE/NINA PROMMER

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис неодамна се фотографираше за новото издание на британскиот „Vogue“, каде зборува за нејзината кариера, проблемите со завиноста, естетската хирургија и како таа денес гледа на сопствениот изглед. 65-годишната актерка позира во елегантен црн фустан, а за ваквото издание доби само пофалби од обожавателите ширум светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis)

Покрај блескавата кариера Кертис се соочувала со низа зависности. Актерката долги години водела борба со зависностите. Таа била зависна од таблети против болки на кои се навлекла по еден неуспешен естетски зафат – отстранување на подочниците. Актерката се одлучила на ваков потег откако еден камерман на сетот на филмот „Perfect“ ѝ кажал дека не може таква да ја снима и дека „мора да престане да јаде сол“.

„Се чувствував ужасно и затоа направив естетска корекција. Кога тоа не успеа, ми беше уште полошо“, рекла Џејми која тогаш започнала да зема опијати, а консумирала и премногу алкохол.

Таа во минатото зборуваше за зависностите со кои се бореле и останатите членови од нејзиното семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis)

„Знаев дека мојот татко има проблеми, а имав и јас, па заедно делевме дрога. Имаше времиња кога јас бев единственото дете кое сакаше да зборува со него. Имав 6 браќа и сестри, сега имам 5 – мојот брат Николас почина од предозираност со хероин кога имаше само 23 години“, рекла актерката.

Кога западнала во криза, Џејми крадела лекови од своите сестри и браќа, а не ја отрезнила ниту смртта на Николас. Сепак, децении подоцна таа сфатила колку е деструктивна за себе и за своето семејство и во 1999 година се излекувала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis)

„На вистинскиот пат ме изведе ќерката Ени, која тогаш имаше 8 години. Таа ми рече дека никогаш не сум тука за неа кога сум ѝ потребна, а тоа ме освести“ – истакнала актерката.

Иако со години нејзиното тело за многумина беше симбол на совршенство, Кертис им ги отвори очите на жените ширум светот.

„Без облека изгледам онака како што реално изгледам. Немам совршени бутови. Имам преголеми гради, мек стомак и масни наслаги на грбот. Не сакам 40-годишни жени ширум светот да мислат дека мојата фигура е совршена. Тоа е измама и нема повеќе да учествувам во тоа“, изјави славната актерка во една прилика.

Повеќе на темата:

Џејми Ли Кертис е позитивна на Ковид-19: Актерката е тажна бидејќи ќе пропушти бројни филмските награди

Џејми Ли Кертис откри дека нејзиното дете е трансродово: „Со зачуденост и гордост гледавме како нашиот син станува нашата ќерка Руби“

Актерки во шестата деценија на наградите „Златен глобус“: Кетрин Зета Џонс, Селма Хајек и Џејми Ли Кертис покажаа што е стил и елеганција

Џејми Ли Кертис се пофали на Инстаграм: Атиџе ми даде мед, ова е најслаткиот подарок!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот