Две е-Драми од современи автори објави Македонскиот центар ИТИ/Продукција

Македонскиот центар ИТИ/Продукција објави две нови е-Драми на современи автори со извонреден талент за драма, дух за перцепција и хумор – Ева Камчевска (Скопје) и Сашо Блажески (Прилеп).

Во драмата „Биолошки часовник“ Ева Камчевска креира апсурдни и надреални драмски пресврти, на сметка на биолошкиот часовник во жената и притисокот под кој таа се наоѓа, секогаш кога одложува да стане мајка. Ева умее да насмее и да релаксира без претенциозност и субверзии, без попување, креирајќи непредвидливи драмски пресврти и јасно дизајнирани драмски ликови. Станува збор за редок и зрел драмски талент во современата македонска драматика.

Драмата „Рокеришта“ на Сашо Блажески зборува за турбо реалноста во релациите и илузиите кај луѓето кои живеат во главниот град и менталитетот на луѓето од провинцијата. Луцидно, перцептивно, вистинито. Маратонски долга драма што сецира менталитети, мисловни матрици, бихевиористички калапи, тела и души продадени на хроничната глупост и други драмски тракатанци на секојдневието.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 120, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 12-13 март 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот