Двајца прилепчани „оперирале“ во поранешна фабрика во Кривогаштани

Полицијата привела двајца прилепчани откако ги затекнала при извршување на кражба во поранешна фабрика во Кривогаштани.

„На 07.08.2023 во кругот на поранешна фабрика во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода И.Д.(40) и Ш.Ј.(32), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на тешка кражба, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот