Два порази на македонските одбојкари од Бугарија

Фото: vfmkd.mk

Најдобрата македонска одбојкарска репрезентација ја темпира формата пред почетокот на јануарските квалификации за пласман на наредното Европско првенство.

Покрај тренинзите, „црвено-жолтите“ играат и пријателски натпревари, на 44 издание на традиционалниот меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ играа двапати против Бугарија.

Во првиот дуел иако имавме водство од 2:0 во сетови и три меч топки во решавачкиот петти сет, на крајот ривалите триумфираа со 3:2 (25:20, 25:22, 20:25, 14:25, 17:19).

Најефикасен во нашата репрезентација беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 25 поени (23 од напад и по еден блок и ас), Љафтов заработи 11, Милев 7, а Николов 6. Илиев кој не беше дел од почетниот тим заврши со 4, Ѓорѓи Ѓорѓиев имаше три, а Андонов еден поен.

И денеска во вториот натпревар загуби Македонија, со 3:1. Повторно водевме освојувајќи го првиот сет со 25:17, но наредните три им припаднаа на Бугарите (25:18, 25:22, 25:22). Александар Љафтов заврши со 17, а капитенот Никола Ѓорѓиев со 16 поени кај нас, Владо Милев заработи 7, Ристо Николов 6, Славе Наков, кој почна наместо Иван Андонов, освои три, а техничарот Ѓорѓи Ѓорѓиев еден поен.

Овие две селекции планираат меѓусебе да одиграат уште два меча, на 5 и 6 јануари во Софија.

Турнирот преку кој ќе бараме второ учество на континенталните самити е кај нас, од 11-16 јануари во арената „Борис Трајковски“ против Турција и Босна и Херцеговина.

Ѓорѓиев оптимист за пласман на ЕП: Шансите на Македонија се големи!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот