ДУИ со бајачки ќе го лечи уплавот од една изборна единица

ДУИ /Фото: Илустрација

Дали уплавот на партијата на Али Ахмети од една изборна единица наместо досегашните шест, е реален? Од Демократскиот сојуз велат „да“, бидејќи во шестата изборна единица од каде албанските партии ги црпат гласовите, со 7.000 гласови се обезбедува пратеник. За разлика од оваа изборна единица, ако за пример се земе првата, таму се станува народен избраник со 10.000 гласови.

Партиските анализи покажале дека од постоечкиот изборен модел со шест изборни единици единствено корист има шестата единица каде со седум илјади гласови се обезбедува пратенички мандат или со 140.000 гласа се освојуваат 20 пратенички мандати, за разлика од другите избори едници (прва,трета итн.) каде за пратенички мандат треба да гласаат 10.000 гласачи или со 200.000 гласачи се избираат 20 пратеници. Накратко, велат од оваа партија, во шестата изборна едница со 60.000 гласа помалку албанските партии имаат 20 пратеници.

Собраниски извори тврдат дека со една изборна единица само ДУИ ќе изгуби од 6 до 7 пратеници. Тие додаваат дека токму од ваквиот страв пратениците на Али Ахмети со поднесувањето на 5.000 амандмани го блокирале Законот за една изборна единица. Но за интегративците прифатлива е идејата за отворени листи, бидејќи така ќе имало поголема демократизација во партиите.

Токму затоа од Демократски сојуз сметаат дека Македонија мора да биде една изборна единциа за секој глас да има иста тежина и со тоа и составот на Парламентот да биде реален одраз на волјата на граѓаните, а не непринципиелен политички одговор каде се фаворизираат партиите кои имаат помногубројно гласачко тело во шестата изборна единица. Според подносителите на Измените во изборниот законик, во делот на бројот на изборните единици, доколу Македонија стане една изборна единица ќе се сруши монополската позиција на големите партии и ќе се демонтира „еднопартискиот систем“ на владеење.

Нивниот став е дека помалите, но и новите партии, ќе бидат застапени во Палраментот и ќе можат да влијаат при донесување на закони и одлуки битни за владеење на правото, ефикасна борба против корупциата и побрза евроинтеграција.

Ставот на албанските партии за една изборна единица

Не е само ДУИ против една изборна едиица. И за ДПА шест изборни единици се поприфатлива опција.

– Треба да останат овие изборни единици кои со многу труд ги достигнавме во преговорите и по Охридскиот и по Пржинскиот договор. Основно – зашто не им одговара на Албанците една изборна единица е тоа дека со една изборна единица првата партија што ќе победи зема бројка од 3 до 4 пратници повеќе, втората партија исто така, двајца или тројца, а ние знаеме дека во Македонија првата или втората партија се секогаш македонските партии – вели претседателот на ДПА Мендух Тачи.

Зијадин Села од Алијансата за Албанците пред извесно време се изјаснуваше за една изборна единица за да има еднаква тежината  гласот во Тетово, Битола, Струмица и во Струга. Сега тој се противи на потегот на ДУИ за амандманска блокада на промена на изборниот модел, но вели:

– Ја сум за пропорциионален модел со отворени листи и за осум изборни единици, но прит оа да се изнивелира бројот на гласачите, бидејчи сега постои голема разлика меѓу шетата и третата изборна единица.

Од друга стана, Алтернатива смета дека албанските партии со една изборна единица би освоиле 2 пратеника повеќе. Речиси на сите партии им е заедничко тоа што се за отворени листи, но и генерално се за ревидирање на границите на изборните единици. Спорд нив, така немало да има ситуација од една до друга едница да имало разлика и до 30.000 гласачи. ДИК и за парламентарните избори во 2016 година соошти дека во шестта изборна единица има 5,28 отсто повеќе гласачи од законски дозволеното. Изборната единица 6 опфаќа територија на 11 општини, Тетово, Гостивар, Дебар, Теарце, Брвеница, Врапчиште, Желино, Јагуновце, општина Маврово и Ростуше и Кичево. Пред припојувањето на општините Другово и Вранештица, Зајас и Осломеј кон оштината Кичево во ИЕ 6 беа вклучени и општините Зајас и Осломеј. На последните парламентарни избори во 2016 година ДУИ освои 40.547 гласови, БЕСА 24.989, Алијансата на Албанците 17.946 и ДПА 16.162 гласа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот