Драма во Брисел: Прва европска титула за турските одбојкарки

фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Во финалето на Европското одбојкарско првенство во женска сениорска конкуренција репрезентацијата на Турција со 3:2 во сетови ја совлада Србија.

Мечот во Брисел, Белгија, донесе многу возбудувања, првиот сет им припадна на Србинките со 27:25.

Следуваше израмнување откако Турчинките во вториот сет беа подобри од 25:21, но возвратија нивните противнички кои ја вратија предноста откако во третиот сет славеа со 25:22.

Турција не се предаваше, најпрвин го доби четвртиот сет со 25:22, а во петтиот решавачки триумфираше со 15:13.

Најефикасна во победничките редови беше Кубанката со турски пасош, Мелиса Варгас со 41 поен, додека на спротивната страна Тијана Бошковиќ се истакна со 37 поени.

За Турција ова е прво злато од европските првенства, додека за Србија ова е трето сребро, претходните два ги освои во 2007 и 2021 година.

Во натпреварот за бронзениот медал селекцијата на Холандија со 3:0 (25:23, 28:26, 25:20) ја надигра Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот