Донесена одлука за прекинатиот натпревар Чаир – МЗТ: Казни добија двете екипи, натпреварот ќе се доигра пред празна сала

Фото: Screenshot

По разгледуавњето на комплетната документација, Комесарот за натпреварување при КФСМ, Александар Милојевиќ, донесе одлука поврзана со прекинатиот натпревар помеѓу екипите на КК „Чаир 2030“ и КК „МЗТ Скопје Аеродром“ од рамките на дваесеттото коло, 14.03.2024 година, од 21:00 часот.

Eкипата на КК „Чаир 2030“ да достави термин, во најкраток рок, најдоцна до 20:00 часот, денес, петок, 15.03.2024 година, за доигрување на прекинатиот натпревар согласно актите на КФСМ.

Двете екипи добија парични казни, Чаир ќе мора да плати казна од 40.000 денари, додека МЗТ 30.000 денари поради предизвикување на прекин кој траел подолго од 15 минути. Исто така домаќот доби забрана за поставување на дополнителни ВИП столчиња до крајот на актуелната сезона.

Казна ќе мора да плати и техничкиот раководител на екипата на Чаир, Алајдин Мустафа и тоа во износ од 20.000 денари.

Прекинат мечот во Чаир, нападнати тренерите и кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Прекинат мечот во Чаир, нападнати тренерите и кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот