Донатела Версаче со критики кон „анти-геј“ политиката на италијанската премиерка Мелони

Донатела Версаче и Џорџа Мелони / Фото ЕПА

Донатела Версаче, италијанската модна дизајнерка и креативна директорка на модната куќа „Версаче“, ја критикуваше италијанската влада и премиерката Џорџа Мелони за, како што ги нарече, анти-геј политиките, пренесува „Јуроњуз“.

„Нашата влада се обидува да им ги одземе правата на луѓето да живеат како што сакаат“, рече Версаче во нејзиниот говор, особено наведувајќи ја владината политика која дозволува само биолошкиот родител во истополовите парови да биде официјално признат како родител.

„Тие ни ги ограничуваат слободите“, рече таа. „Сите ние мора да се бориме за слобода, во време во кое сè уште се гледа дека транс луѓето трпат страшно насилство, време кога децата на истополовите двојки не се сметаат за нивни деца, време кога гласовите на малцинствата се нападнати со новите закони“.

Говорот наиде на овации од модната публика во Скала, каде Версаче доби хуманитарна награда.

Активистите за правата на хомосексуалците ја пофалија што јасно ги оспори активностите на владата, но ја повикаа целата модна заедница да направи повеќе.

„Донатела Версаче беше првата личност во Италија која беше толку јасна и експлицитна во лицето на хомофобичната политика на владата“, рече Франко Грилини, долгогодишен активист за правата на хомосексуалците. „Таа е едно од најважните имиња во модата и ги поканувам другите да го следат нејзиниот пример“.

Покрај блокирањето на признавањето на децата на истополовите парови, десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони спроведува законска регулатива со која ќе се забрани барањето сурогат во странство, што го прави казниво со затворски и слични строги казни. Законот од 2004 година веќе го забранува сурогат мајчинството во Италија.

Италијанската Геј партија, исто така, ја пофали поддршката на Версаче и ја повика да ја поддржи нивната кампања за референдум за хомосексуалните бракови на италијанското гласачко ливче.

„Декларацијата на Донатела Версаче е важна. Таа јасно стави до знаење како оваа влада ги намалува слободите и правата на ЛГБТИ+ заедницата“, рече Фабрицио Марацо, портпарол на Геј партијата. „Бараме од неа да ни даде поддршка, особено кампањата за бракот за лезбејките, хомосексуалците и транс луѓето да биде ист како и за сите други.

Тие се надеваат дека ќе почнат да собираат потписи во јануари, свесни дека „ова парламентарно мнозинство не сака да ни даде права“. Италија одобри истополови граѓански заедници во 2016 година, последната голема западна земја што го стори тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот