Доналд Туск најави повлекување од функцијата претседател на ЕПП

Доналд Туск
Доналд Туск / Фото: Слободен печат, Архива

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск денеска најави дека ќе се повлече од функцијата претседател на Европската народна партија (ЕПП), еден ден по најавата за враќање во полската домашна политика.

Туск, кој во саботата се врати на позицијата лидер на либералната партија Граѓанска платформа (ПО), чиј ко-основач е, е претседател на Европската народна партија од 2019 година.

Актуелниот претседател на ЕПП рече дека „разговорите за неговиот наследник ќе започнат на есен”.

„Се разбира дека формално можам да бидам шеф на партијата Граѓанска платформа и на Европската народна партија, која обединува многу европски партии”, рече Туск.

Сепак, тој додаде дека „сака да се вклучи сто проценти во полската политичка сцена”.

„Веќе ги информирав моите партнери, премиерите и претседателите од Европската народна партија за одлуката дека ќе посветам на политиката во Полска”, рече Туск.

Тој се врати на полската политичка сцена во саботата како лидер на најголемата опозициска партија, чии членови се надеваат дека партијата ќе добие нов замав со Туск. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот