Доминик Тим се повлече од Австралија Опен

Доминик Тим поради повреда нема да настапи на гран слем турнирот во Мелбурн/ фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Австрискиот тенисер Доминик Тим го откажа настапот на првиот гран слем турнир во новата сезона, Австралија Опен. Финалистот од 2020 година, не е опоравен од повредата на раката и одлучи да го прескокне турнирот во Мелбурн кој ќе се игра од 17. до 30. јануари.

„Како што знаете, се вратив во Австрија за да се опоравам по тешките тренинзи во Дубаи. Сега се чувствувам добро, мојот зглоб на раката е во подобра состојба и тренирам нормално“, напиша Тим на својот профил на Твитер.

Тој потоа додаде дека новата сезона ќе ја започне во Јужна Америка и тоа кон крајот на јануари.
„По краткиот одмор, со мојот тим одлучивме да направиме промени во календарот. Сезоната ќе ја започнам во Јужна Америка на Кордоба Опен во Аргентина кој ќе се игра на крајот од јануари, шти значи дека нема да настапам на Австралија Опен. Ќе ми недостасуваат навивачите во Мелбурн, но ќе се вратам во 2023 година. Убеден сум дека ова е вистинската одлука“, порача Тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот