Дојави за бомби со вознемирувачки пораки во неколку училишта низ Бугарија

Бугарска полиција, Бугарија
Бугарска полиција / Фото: Artur Widak/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Неколку училишта низ Софија добија дојави за постевена бомба. Нивниот број не е наведен од страна на бугарското МВР. На местото на настанот биле испратени специјализирани екипи за да се утврди веродостојноста на дојавите, пренесува „БГнес“.

По увидот, директорите на училиштата треба да одлучат дали наставата треба да продолжи.

15 училишта во Бургас ја прекинаа наставата поради анонимни закани за бомби. Тие биле испратени како заканувачки, а училиштата добиле мејлови адресирани како „важна порака“ во име на Јегор Сињански.

Во нив пишувало: „Ние сме од организацијата МФУЛ. Сите човечки суштества се гнасни суштества кои мора да бидат целосно истребени. Човечкиот род мора да биде истребен. Во сите училишта се поставени бомби. Наскоро сите ваши училишта во Бургас ќе бидат кренати во воздух. Ти посакувам да умреш“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот