Договорот од Преспа е одличен пример за помирување и добрососедски односи за целиот регион

Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа историски договор кој како пример за врвен дипломатски пристап, реши отворено прашање и со тоа, меѓу другото, дадоа значаен придонес за стабилноста на Балканскиот регион/Фото: МИА

Договорот од Преспа е одличен пример за помирување и добрососедски односи за целиот регион, па дури и за извор на инспирација, вели министерот за европски прашања на Романија, Џеорџе Чиамба во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА и додава дека решението меѓу Северна Македонија и Грција е модел за управување со билатералните прашања на европски начин.

Романскиот министер им честита на двете страни „за храброста и решителноста заедно да испишат историја”, јави дописничката на МИА од Атина.

-Договорот од Преспа е модел за управување со билатералните прашања на европски начин. Договорот за прашањето за името меѓу Грција и Република Северна Македонија е одличен пример за помирување и добрососедски односи за целиот регион, па дури и за извор на инспирација, вели романскиот министер за европски прашања во интервјуто.

Чиамба ја истакнал важноста на потпишувањето на договорот од Преспа, на ратификувањето од Парламентите во Скопје и Атина со што се отвори патот за Северна Македонија кон НАТО и ЕУ, а потенцирал дека „Романија беше меѓу првите земји партнери на НАТО што го ратификуваа протоколот”.

Министерот за европски прашања на Романија, за АНА-МПА, говори и за европската перспектива на Западен Балкан, велејќи дека романското претседателство ќе продолжи да го охрабрува и подржува овој тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот