Договорен е спектакл: Ентони Џошуа против Тајсон Фјури

Ентони Џошуа ја прифати понудата на Тајсон Фјури за нов боксерски спектакл/Фото: EPA-EFE/SEAN DEMPSEY

Се најавува дека новиот боксерски спектакл ќе се случи годинава помеѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, пренесуваат британските медиуми.

Од тимот на Џошуа е потврдено дека е дадена согласност за борбата која треба се одржи на 3 декември 2022 година.

Заработката треба да се подели 60-40 во корист на Тајсон Фјури, но деталите ќе ги дознаеме наскоро.

– Договорот ќе биде потпишан многу наскоро – изјави Френк Ворен, промотер на Тајсон Фјури.

Пред осум дена Фјури јавно му понуди на Џошуа да се бори против него за титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот