ВИДЕО: Тајсон Фјури јавно му понуди на Џошуа да се бори против него за титулата

Тајсон Фјури повеќе сака да се бори против Ентони Џошуа/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Британскиот боксер Тајсон Фјури му предложи на својот сонародник Ентони Џошуа двајцата да се борат за титулата во тешка категорија на Светскиот боксерски совет.

Фјури објави видео објавено на социјалните мрежи кое веќе привлекува големо внимание..

– Ентони Џошуа, знам дека загуби од Олександр Усик и моментално си без шампионски појас, па сакам да ти дадам можност – да се бориш против мене за шампионскиот појас на Светскиот боксерски совет во тешка категорија. Доколку си заинтересиран ќе се бориме во „Битката за Британија“. Доколку не си, ќе изберам друг противник – вели Фјури.

Џошуа загуби од Усик на 20 август во борба одржана во Саудиска Арабија. Тој меч беше за три шампионски појаси, кои Џошуа ги држеше до септември минатата година кога загуби од Усик во Лондон.

Победата на Украинецот отвори дискусија дека треба да се бори со Фјури за апсолутната светска титула. Сепак, се чини дека во оваа фаза Фјури не е заинтересиран за ваков настан и претпочита да се бори со Џошуа.

На почетокот на 2021 година во медиумскиот простор упорно се зборуваше за борба меѓу Фјури и Џошуа, но потоа борбата пропадна, бидејќи Американецот Дионтеј Вајлдер победи на арбитража и го задолжи Фјури да се бори со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот