Додик: Република Српска се движи по патот за излез од БиХ од кој нема враќање

Фото: Профимедиа

„Тоа ќе го направиме и нема да не запрат ниту САД ниту кој било друг, бидејќи сметаме дека Дејтонскиот договор е урнат, пред се со интервенција на меѓународните фактори“, посочи Додик.

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик денеска изјави дека Република Српска (РС) тргнала на патот за излез од БиХ од кој нема враќање.

– Тоа ќе го направиме и нема да не запрат ниту САД ниту кој било друг, бидејќи сметаме дека Дејтонскиот договор е урнат, пред се со интервенција на меѓународните фактори, посочи Додик.

Тој додаде дека времето ќе покаже дека РС е сериозна во таквата намера.

– Сакаме сите во РС да знаат дека дојдено е до ѕид и ние сега мора да одлучиме дали ќе прифатиме со лажни флоскули од американската и од западните амбасади да не одржуваат во некоја приказна за некои начела, а во суштина ги поткопуваат нашите права или РС ќе го направи тоа што мора, посочи Додик.

Тој повтори дека РС не може да и верува на БиХ.

– БиХ е лошо место и место на неслобода за Србите и за Српска. Ако нема договор странците да заминат од Уставен суд и да истиот биде ставен во функција како и сите други земји тогаш нема ниту БиХ. Нека го запомнат тоа, истакна Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот