Додик: Она што ни го наметнаа високите претставници мора да се преиспита и доведе во рамките на Уставот

Милорад Додик / Фото: Профимедиа

Претседателот на Република Српска Милорад Додик истакна дека негова политичка цел е дејтонската позиција на РС и дека се што наметнуваат високите претставници во Босна и Херцеговина мора да се преиспита и да се доведе во рамките на Уставот.

„Мојата политичка цел е дејтонскиот став на РС, она што е напишано во Дејтон и Уставот, и она што ни го наметнаа високите претставници мора да се преиспита, регулира и доведе во рамките на Уставот“, напиша Додик на Инстаграм.

Тој додаде дека се што било договорено на средбата со лидерите на партиите кои учествуваат во владата на државно ниво (СНСД-ХДЗ БиХ-Тројка) „е направено во корист на дополнително позиционирање на РС“.

Додик изјави и дека минатата недела на Хвар разговарал со претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој, како што истакна, му потврдил дека „Хрватска го поддржува договорот на легитимните политички претставници на трите конститутивни народи во БиХ, која ја обезбедува нивната еднаквост во согласност со Дејтонскиот договор“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот