Додик: Ние Србите сме трајно незадоволни од положбата во Босна и Херцеговина

Милорад Додик
Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Ние сме трајно незадоволни од положбата во Босна и Херцеговина. Ние кажавме дека ќе ја повлечеме согласноста за укинување на војската на Република Српска, која претходно беше исфорсирана со примена на политичка сила. Ќе кажеме: имаме шест месеци, можеме да се договориме, преполовете го бројот на војската на Босна и Херцеговина, преполовете ги трошоците, но воениот имот мора да биде решен, а не да биде блокиран веќе 20 години, изјави вечерва српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик.

Додик кажа дека „продолжува сатанизацијата“ на Србите и нивните лидери, насочена кон намалување на ингеренциите на тој ентитет во БиХ.

Наведе дека општеството во БиХ е „длабоко поделено“ и дека таа земја во ништо не може да се споредува со Југославија.

– Ниту Босна и Херцеговина е сериозна земја како што беше Југославија, ниту е заедничка земја како што беше Југославија, ниту има заедничка војска, додаде.

Коментирајќи ја изјавата на министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ дека тој ги блокира мирот и напредокот во Босна и Херцеговина и дека „гради берлински ѕид на ентитетските граници“, Додик кажа дека би било одлично да е „само едно лице проблемот“.

– Јас би сакал да сум толку можен и да можам сè да правам, но не сум. Јас сум експониран, но зад тој став дека го разурнаа Дејтонскиот договор стои значително мнозинство од нашето население во Република Српска, наведе Додик.

Истакна дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган „е спремен да поддржи договор“ на сите народи во БиХ.

– Турција е моќна земја и Ердоган е моќен претседател. Јас него го информирав за ситуацијата, дека ние губиме овластувања, дека не е добро ни за Бошњаците да се прави атмосфера на поделби, и дека и Хрватите имаат забелешки, кажа Додик.

Гардијан: Додик е закана за мирот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот