Доделена наградата „Најуспешен автор и дело“ на 13.Меѓународно биенале на млади уметници

промо

Жири комисијата во состав: Ива Димовски (историчарка на уметноста), Велимир Жерновски (ликовен уметник) и Јане Чаловски (ликовен уметник), едногласно одлучија наградата „Најуспешен автор и дело“ на 13.Меѓународно биенале на млади уметници – „Страст за лутање“, во организација на Музејот на современа уметност – Скопје, рамноправно да ја доделат на следните автори: Наташа Неделкова (Македонија), за делото насловено „Ткива на идентитет“, видео, 2020; Дарко Алексовски (Македонија), за делото „“Never Not in Love/Никогаш незаљубен“, просторна и видео инсталација, 2019 и Дритон Селмани (Косово), за скулптурата „No But No (or reverse) / Не но не (или обратно)“, 2019.

Фото: Промо / Дарко Алексовски

За првпат наградата, која се состои од самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје, се доделува на тројца автори и дела, кои жири комисијата ги доживеа за најубедливи достигнувања претставени на биеналето.

Истовремено со оваа одлука се потенцира и потребата од поголема изложбена застапеност на младите автори во музеите, поддршка во развојот на нивната уметничка пракса и потенцирање на потребата за уште посуштинско и критичко промислување на темите, кои овие автори во овој момент се подготвени да ги отворат и споделат со публиката.

Фото: Промо / Дритон Селмани

Земајќи го ова предвид, жирито им честита на сите учесници на годинашната изложба и го потенцира високото ниво на продукција и концепциска релевантност кај изложените дела. Исто така, жирито сака да ја потенцира суштинската поврзаност на концептот „Страст за лутање“ (под кураторство на Артан Садику, Јованка Попова, Благоја Варошанец и Ива Димовски) со ефектниот модел на локациска дисперзија на биеналето со што се анимираат нови можности за презентација на делата и анимација на публиката.

Наградените автори ќе имаат можност да остварат самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје во 2022 година, со средства што ќе бидат обезбедени од годишната програма на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Почнува 13. Биенале на млади уметници со тема „Страст за лутање“ во МСУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот