Добро погледнете какви ви се очите, еден знак открива дека срцето ви е оштетено

Фото: Профимедиа

Новото истражување би можело да биде од голема помош за лекарите за навреме да ги спречат фаталните последици од срцевите заболувања. Големината на зеницата открива ризик од срцев удар!

Зависи од големината на зеницата

Научниците открија нов начин за предвидување на ризикот од смрт кај пациенти со срцеви проблеми. И покрај сите стандардни дијагностички тестови што ја откриваат состојбата на срцето, постојат и други сигнали кои може да укажат дека сте во опасност од инфаркт.

Една неодамнешна студија открила дека големината на зеницата може да го предвиди ризикот од тешка срцева состојба (која бара хоспитализација), па дури и фатален исход кај луѓето што страдаат од срцева инсуфициенција.

Според студијата, пациентите што имаат срцева слабост, а се карактеризираат со помали зеници, имале помала стапка на преживување и поголем ризик од компликации поради проблеми со срцето. Ова откритие сугерира дека постои врска помеѓу големината на зеницата и влошувањето на болестите на срцето.

Анализата на големината на зеницата може да покаже колку добро функционира автономниот нервен систем на една личност, а кој е „задолжен“ за некои несвесни функции, како што е контролата на отчукувањата на срцето.

Што е автономен нервен систем?

Автономниот нервен систем е дел од периферниот нервен систем и регулира одредени процеси во организмот како што се дишењето, крвниот притисок и функциите на внатрешните органи. Овие функции се автоматски и се вршат на несвесно ниво и во содејство со соматскиот нервен систем.

Меѓутоа, кај пациентите со срцева инсуфициенција, отчукувањата на срцето може да бидат неправилни. Бидејќи „однесувањето“ на зениците (односно, како тие се стеснуваат или се шират во услови на светлина и темнина), исто така го контролира и автономниот нервен систем, мерењето на нивната големина може на сличен начин да помогне да се утврди колку добро функционира тој систем.

За оваа студија, пациентите добиле очила и им беа дадени пет минути очите да им се прилагодат на темнината. После тоа време, истражувачите ја измериле површината на зениците, поделувајќи ги во две групи – оние со мали и оние со големи. Во темнината, зениците би требало природно да се шират, така што автономниот нервен систем не функционирал кај оние од групата на „малите“.

По разгледувањето на другите можни срцеви компликации, истражувачите заклучиле дека пациентите од групата на „големи зеници“ имаат 28 отсто помали шанси да умрат од срцева слабост и 18 отсто помала веројатност да бидат повторно примени во болница, во споредба со оние од групата на „малите“. 

Ова откритие би можело да им помогне на лекарите да утврдат на кои пациенти со срцева инсуфициенција им е потребна поитна нега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот