Добри вести од Кипар: Доколку сте позитивни на коронавирус за време на одморот, сите трошоци ќе ви бидат платени
Кипар вети дека ќе ги покрие трошоците на секој кој ќе биде позитивен на коронавирусот за време на одморот на овој остров во Средоземното море.
Владата на Кипар соопшти дека ќе ги покрие трошоците за привремен престој, храната, пијалоците и лековите за пациентите заболени од Ковид-19 и нивните фамилии. Пациентите ќе мораат да го платат само возењето со такси до аеродром
Болница со 100 кревети ќе биде одвоена за странски патници кои ќе бидат позитивни на тестот, а за пациентите во критична состојба ќе бидат резервирани 112 места на интензивна нега и 200 респиратори.
Посебен „хотел за карантин“ со 500 соби ќе биде издвоен за престој на фамилиите на пациентите и останатите блиски контакти.
Овие информации се наоѓаат во писмото од пет страници кое е испратено од владата на авио- мпревозниците и турустичките агенции. Опишани се стриктните здравствени и хигиенски протоколи кои ќе бидат на сила во Кипар.
Меѓународните летови во Кипар почнуваат на 9 јуни иницијално од 19 земји, а патниците ќе мораат да се тестираат за Ковид-19 три дена пред пристигнување. Оваа мерка ќе биде укината на 20 јуни за 13 земји, меѓу кои се Германија, Финска, Израел, Грција и Норвешка.