До 11-ти април продолжена вонредната состојба во Шпанија

Парламентот на Шпанија ја продолжи вонредната состојба за две недели поради пандемијата со Ковид-19.

Мерката беше изглаана откако во Парламентот беа физички присутни помалкуи од 50 пратеници од вкупно 350, а другите гласаа од дома.

Вонредна состојба во Шпанија беше воведена на 14 март, со што беше овозможено да се прогласи национален карантин, додека сега се продолжува до 11 април.

Бројот на инфицирани со новиот коронавирус во Шпанија изнесува околу 47.600 лица, а земјата  е на второместо, по Италија по бројот на починати – 3.434 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот