Дневен хороскоп за 22 март: Ќе се чувствувате добро

дневен хороскоп
Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 22 март, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Денес во фокус ќе ви бидат некои деловни соработници. Но, кога работниот ден ќе заврши, ве очекува убава и хармонична атмосфера со вашиот партнер. Слободните ги очекува запознавање со интересна личност во знакот Вага. Бидете отворени во комуникацијата, никогаш не знаете што може да се случи.

Бик

Доколку имате соработка со странство или вашата работа вклучува работа со финансии, овој ден може да ви донесе голем успех. Биковите кои се во брак или врска ќе уживаат во хармонија и ќе ја почувствуваат стабилноста што толку долго ја посакуваа. Поминете повеќе време со партнерот и во кругот на семејството. Ќе се чувствувате добро.

Близнаци

Доколку сте аплицирале за нова работа, постои можност да се вработите, но не под условите што ги очекувавте. Слободните Близнаци денес можат да запознаат една фатална Вага која веднаш ќе го привлече вашето внимание. На повидок е нова љубовна авантура за која долго сонувавте.

Рак

Денешните аспекти изгледаат предупредувачки, бидејќи некои гласини и интриги можат да допрат до вас. Денес можете да дознаете дека еден од вашите соработници долго време ви работел зад грб. На љубовно поле пак, денеска ве очекува многу убав и романтичен ден. Љубовта ќе ви ги растргне сите облаци.

Голем неделен хороскоп (21-27 март): Одличен период за Стрелците, а Биковите ќе добијат корисни информации…

Лав

Овој ден на сите Лавови им носи многу важна средба или проширување на деловната соработка со соработници од странство. Долколку сте во врска може да очекувате дополнително зближување со партнерот. А, слободните Лавови ќе сфатат дека се подготвени за ново поглавје во љубовта.

Девица

Девиците кои се занимаваат со креативна работа, ги очекува голем успех. Ако пишувате, вашиот труд ќе биде забележан од важни луѓе. Овој ден ќе ви доносе многу позитивна енергија. Пролетта ви носи нов бран емоции. Девиците кои се во брак ќе уживаат во хармонијата и топлината во својот дом.

Вага

Доколку сакате да ја смените работата, овој ден е одличен за преговори на таа тема. Слободните Ваги може да се впуштат во авантура со еден неодоливо привлечен Лав. Вагите кои се во врска, пак, денес може да се соочат со некои проблеми и недоразбирања со партнерот.

Скорпија

Денес ќе слушнете некои важни вести од деловните соработници. Постои можност однапред испланираниот план да треба да го прилагодите на некои нови околности. Скорпиите денес можат да имаат посебен ден на љубовен план. Ве очекува бурна љубовна авантура со личност во знакот Бик или Рак.

Сезона на Овен: Поттик за акција и освојување, овој период ќе биде особено погоден за некои хороскопски знаци

Стрелец

Доколку сте незадоволни од вашата работа, денес можете да се активирате во однос на менувањето на работните места, бидејќи планетите се на ваша страна. Доколку сте во врска, денес вашиот партнер може да ви приреди убаво изненадување. Слободните пак, ги очекува ново познанство преку пријатели.

Јарец

И покрај тоа што преговорите можат да бидат доста тешки, вие успешно ќе ги презентирате вашите идеи и вашите деловни предлози ќе бидат прифатени. Ова ќе ви донесе долгорочен договор. Јарците кои се во брак можат да поминат низ љубовна криза. Не кревајте раце, фаза е, ќе помине. Во наредниот период ве очекува голем пресврт на љубовен план.

Водолија

Ве очекува голема промена на деловно поле. Не донесувајте избрзани одлуки. Слободните Водолии може да се соочат со нови љубовни маки. Може да се најдете во ситуација да ви се допаѓаат двајца луѓе во исто време. Морате да бидете свесни дека само времето ќе ја реши оваа дилема.

Риби

Веќе некое време се обидувате да ги решите проблемите на работа. Но, некои работи не зависат само од вас. Не потпирајте се на гласини, директно разговарајте со вашиот претпоставен. Во љубовта ве очекува интересна авантура која ќе ве помести од место. Рибите кои се во брак ги очекува важен разговор со партнерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот