Дневен хороскоп за 13 август: Ѕвездите денес ви подготвиле изобилство од романтични моменти

дневен хороскоп
Фото: Profimedia

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 13 август, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Ѕвездите денес ви подготвиле изобилство од романтични моменти. Со партнерот секако треба да испланирате романтична вечер, со музика и свеќи, бидејќи ова е периодот кога ќе бидете на седмо небо. Искористете ги сите ароматични масла и цвеќиња, омилената храна и пијалак. На крајот, вие ќе бидете десертот!

Бик

Во врска со љубовните прашања би можеле денес да се фалите пред другите или да си замислите дека вредите повеќе. Бидете поскромни. На професионално-финансиско поле, без оглед на тоа што релативно добро ќе соработувате, ќе дојде до финансиски издатоци, на кои никој не сметал. Станува збор за луксуз.

Близнаци

Можеби нема со еден поглед да му го привлечете вниманието на оној што ви се допаѓа, но тоа не значи дека нема да успеете со вториот или третиот. Ќе имате интересна комуникација со нова личност во вашиот живот. Дозволете ѝ да ви се приближи. Треба да воспоставите подобар модел за успешна комуникација.

Рак

Под влијание на денешната планетарна енергија, нема да бидете сигурни во што може да се претвори состанокот на кој ќе одите вечерва. Сигурно ќе поминете прекрасна вечер, но нема да можете да одлучите дали и двајцата мислите исто и сакате оваа врска да прерасне во нешто подлабоко или да остане само едно слатко пријателство. 

Лав

Работите се менуваат и тоа во непознат правец. Бидете подготвени, но не се плашете. Ќе ви се отворат хоризонтите. На љубовно поле градите заедничка империја со саканата личност. На професионално поле мора да направите избор и тоа брзо. Можеби станува збор за понуда за нова работа?

Девица

Ќе уживате во долгите разговори со саканата личност и таа ќе ве фасцинира. Без оглед колку работа имате денес, не се расејувајте и не губете време за мали нешта. Ќе бидете многу внимателни кон другите, особено кон вашите најблиски. Речиси нема да сте заинтересирани за ефектите при постигнувањето на целите.

Вага

Денот ќе биде полн со нови искуства, па сигурно ќе го проширите кругот на познанства и ќе донесете нови заклучоци. Слободно претставете ги своите мисли на другите, отворете го срцето или посветете се на решавање на старите проблеми. Не се ограничувајте. Наскоро ќе добиете големо внимание од угледна личност.

Скорпија

На професионално поле, поради добро завршената работа, некои денес ќе бидат малку под заштита и ослободени од дополнителни работни обврски, дури ќе добијат и слободен ден. На емотивно поле, наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства, без разлика дали станува збор за погледи или само за зборови.

Стрелец

На емотивно поле, очекувате премногу од нечии ветувања или од личност која упорно се обидува да ве натера на своите емотивни планови. На професионално поле, ситуацијата што е едноставно деловно решение за вас изгледа како комплицирана постапка за некој друг. Имајте разбирање кон колегите.

Јарец

Не дозволувајте да помине овој ден без да направите нешто убаво и романтично за саканата личност. Ќе бидете полни со инспирација која само чека да ја изразите. Сѐ додека ги покажувате своите вистински емоции, ќе оставите прекрасен и траен впечаток на вашиот партнер.

Водолија

Ова е еден од оние денови кога треба да се облечете најдобро што можете и да ги соберете сите погледи каде и да се појавите. Со ваквиот изглед и самодовербата поголеми се шансите да ја привлечете вистинската личност за вас. Но, обидете се да изгледате едноставно, но со секси акцент.

Риби

Во смиреноста на секојдневниот живот ќе наидете на ситуација што ќе ви отвори нови гледишта. Поради вашата отсутност со умот, можно е да направите некоја крупна грешка. Додека, пак, во љубовта сте многу нетрпеливи. Сакате брз напредок во љубовта, но вршите голем притисок врз партнерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот