Длабински чиста кожа: Домашен пилинг од кокосово масло и сода бикарбона кој прави чуда!

Кокосовото масло е едно од најкористените природни масла кои можете да ги користите, а сода бикарбоната е силен пилинг за лицето, па така заедно се добитна комбинација!

На пазарот постојат бројни производи за нега на кожата кои „ветуваат“ дека ќе ја обноват нашата „природна убавина“, ќе ја направат нашата кожа „беспрекорна“ и ќе ни помогнат да се „збогуваме со акните“. Меѓутоа, повеќето од нив се преполни со опасни хемикалии, чии имиња ни се целосно непознати.

Па токму поради тоа, не ризикувајте и не трошете еден куп пари, направете си домашен здрав пилинг за вашето лице кој навистина е делотворен.

Домашниот пилинг содржи две состојки: сода бикарбона и кокосово масло.

Кокосовото масло е едно на најкористените природни масла кои можете да ги користите, бидејќи има силни антимикробни, хидратантни и антибактериски својства. Тоа ќе го исчисти вашето лице и ќе ги елиминира мозолчињата. Освен тоа, ова здраво масло третира различни состојби на кожата, вклучувајќи псоријаза и егзема.

Сода бикарбоната е силен пилинг за лице, кој ќе ви помогне да ги елиминирате митесерите, да ги ублажите изгорениците од сонце, да се изборите против различните проблеми на кожата и да ја омекнете кожата.

Еве како да направите домашен пилинг од кокосово масло и сода бикарбона:

Состојки:

– 1/2 шолја кокосово масло

– 1/2 шолја сода бикарбона

Упатство: Во мала, плитка чинија или друг соодветен сад, помешајте ги состојките додека да добиете хомогена смеса. Користете ја за да го исчистите лицето како што обично правите и ќе искусите неверојатни промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот