Дизниленд во Калифорнија ќе стане центар за вакцинација против коронавирусот
Авантуристичкиот парк на Дизни во Калифорнија, којшто во март минатата година престана да работи поради пандемијата, наскоро ќе стане првото место за масовна вакцинација против коронавирусот во округот Оринџ.
– Дизниленд, најголемиот работодавач во округот Оринџ, понуди да стане првиот центар за масовно вакцинирање во округот, преземајќи голема задача во нашиот процес на дистрибуција на вакцините, изјави службеното лице Ендру До.
– Тимот на Дизниленд е горд што може да му помогне на округот Оринџ и градот Анахајм, давајќи го својот простор за користење. Благодарни сме за сите напори во борбата против коронавирусот, истакна Памела Химел, главната медицинска службеничка во Дизни Паркс.
Имено, вакцинацијата се очекува да започне наредната недела.