Динамо Загреб и Ристовски на чекор од пласман во третото квалификациско коло на ЛШ

фото: Pixsell/facebook.com/dinamo/

Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите екипата на Динамо Загреб дома со 4:0 ја совлада Астана од Казахстан.

Сите дилеми околу победникот беа решени веќе во првото полувреме со двата гола на Иванушец и еден на Шпикиќ.

Иванушец го комплетираше хет-трикот во 56 минута од средбата на стадионот „Максимир“ во Загреб. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го одигра целиот меч за „модрите“.

Реваншот меѓу Астана и Динамо Загреб ќе се игра на 2 август, а победникот од овој двомеч во третото квалификациско коло на ЛШ ќе игра против АЕК Атина од Грција.

Поблиску до следната фаза е и грчкиот Панатинаикос кој славеше на гостувањето против украинскиот Днипро-1 со 0:1 во Кошице, додека Сервет (Швајцарија) и Генк (Белгија) ремизираа 1:1.

ЛШ: ХЈК на Илиев го совлада Молде, Жалгирис во финишот избегна пораз против Галатасарај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот