Димитров: Бугарија во членот 2 од Договорот за пријателство има обврска да ни помага во процесот на европска интеграција

Не можам да кажам дека читајќи го и препрочитувајќи го немам проблеми со текстот, вели Димитров.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за „360 Степени“ го коментираше меморандумот на Бугарија и дали е изненаден од тонот во документот.

-Не можам да кажам дека читајќи го и препрочитувајќи го немам проблеми со текстот. Имам големи проблеми, во определени делови е многу навредлив и дефинитивно не е во функција на градење на блискост, на пријателство, на заедничка европска иднина. Меѓу другото, Бугарија од членот 2 од Договорот за пријателство има обврска и да ни помага во процесот на европска интеграција. Ние почнавме еден многу сложен, но многу благороден процес на заедничко растење и овој тон и определени тврдења не помагаат, прават пречки. Идејата на договорот беше да се создадат механизми како да се решат отворените прашања без притоа тие да станат пречка на европскиот пат- вели Димитров.

Вицепремиерот вели дека според неговите сознанија овој документ засега не произведува последици во процедурата која е во тек во ЕУ, односно консултации на земјите членки по текстот на предлог-преговарачката рамка што првично ја подготви Европската комисија.

-Во моментов работите одат на линија на принципиелната позиција на ЕК, којашто излезе во македонската јавност, и во однос на македонскиот јазик и во однос на тоа како билатералните прашања се поставени во структурата на идната преговарачка рамка- вели Димитров.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот