Димитријевиќ: Не сакаме да ставаме некој преголем притисок токму за мечот со Естонија

фото: kfsm.mk

Денеска за најдобрата македонска кошаркарска репрезентација почнуваат квалификациите за пласман на следниот Евробаскет 2025, прв ривал во СРЦ „Кале“ – Скопје со почеток од 19.00 часот ќе биде селекцијата на Естонија.

– Доста добро ги знаеме квалитетите на Естонија, силна репрезентација, со евролигашки играчи. Но, мислaм дека сме спремни за тој натпревар. Не сакаме да ставаме некој преголeм притисок токму за тој натпревар, затоа што после тоа следуваат уште пет натпревари. Знаеме дека е многу важно да го „заштитиме“ домашниот терен. Ќе се обидеме да дојдеме до победа на тој премиерен меч во квалификациите – вели еден од нашите најдобри кошаркари, Ненад Димитријевиќ.

Зеќири: Можеме да ја победиме Естонија

Како, веројатно играчот на рускиот Уникс Казан, во овој момент гледа на тој „притисок“ кој доаѓа од „надвор“, односно од јавноста, па и веројатно полно гледалиште во СРЦ „Кале“ кое се очекува вечерва:

– Сето тоа е добро. Но, би рекол дека, понекогаш, тие очекувања се и нереални. Живееме во некои други времиња. Ние сме некоја друга генерација. И мислам дека ние тоа треба да го почувствуваме како поддршка, и навивачите да го направат тоа, за ние да го почувствуваме тоа како поддршка, а не како некој притисок – рече Димитријевиќ.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025

ГРУПА „Х“, ПРВО КОЛО

19.00: МАКЕДОНИЈА – Естонија
Литванија – Полска 83:64

ТАБЕЛА

1.Литванија 1 1 0 83:64 2 бодови

2.Полска 1 0 1 64:83 1

3.МАКЕДОНИЈА – – – – –

4.Естонија – – – – –

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот