Димитриевски: Во ЕУ мора да влеземе со крената глава како Македонци

Максим Димитриевски/ Фото: МИА

Македонија мора да продолжи на патот на евроинтеграциите, но не по секоја цена, бидејќи мора да влеземе во Европската унија со крената глава како Македонци и како засебна нација, како што била и како што е во моментот по основните заложби на Крушевскиот манифест, порача од Струга претседателскиот кандидат на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Доколку ја добие поддршката на граѓаните тој кажа дека ќе биде претседател на сите граѓани на Македонија. На политичките субјекти од власта и опозицијата, како што рече,  ќе им предложи да потпишат национална платформа за македонските национални интереси, бидеќи, според него, тоа ни е повеќе од потребно во овој момент.

Ќе работам на концептот да се формира едно независно тело од стручни експерти од Европската унија, кои покрај тоа што треба да се посветат на работење и анализа на сите пресуди во Стразбур против Република Бугарија за обесправеноста на македонските организации таму дополнително потпомогнати со наши домашни експерти да поработат и на времената рамка, која е во сила во моментот и нејзина адаптација на општо прифатливите општествени услови во Македонија, соглансо желбите на Македонските граѓани, рече Димитриевски.

За него е недозволливо како народ и како држава да бидеме негирани, затоа што како што нагласи,  постоиме во континуитет како народ и како јазик со сопствена историја и култура и тоа е одраз на заложбите и борбите на нашите претци. Недозволиво е некој во 21 век, кој е член на ЕУ да не негира во континуитет, додаде претседателскиот кандидат на ЗНАМ.

Затоа, нагласи Димитриевски, следната политичка елита, кој и да е на власт, треба сериозно да се посвети на ова поле и да ја разработи преговарачката рамка со ЕУ и билатералното прашање да се реши на релација Скопје – Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот