Димитриевски: Работам и ќе продолжам да работам за граѓаните

Максим Димитриевски на митинг во Крушево/Фото: Фејсбук

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска со својот караван „Максим за Македонија“ е меѓу граѓаните на Берово, Делчево и Македонска Каменица.

Тој се сретна со претставници на неколку  компании од регионот, а потоа имаше и неформални средби со граѓани.

-Денеска мојот караван „Максим за Македонија“ заедно со мене и останатите луѓе во тимот сме во овој дел од државата. Утрово поминавме низ Берово, денеска сме во Делчево, подоцна ќе одиме во Виница. Сакам да испратам една јасна порака до граѓаните, првично дека не сме сите исти, првично да ги охрабрам граѓаните да обрнат внимание, да ги анализираат сите понуди од сите кандидати и на крајот да донесат одлука. Првенствено да излезат масовно на избори, да се одважат и својата поддршка да ја дадат на овој кандидат за којшто смета дека ја заслужува истата, рече Димитриевски.

Околу разликата помеѓу него и останатите кандидати рече дека тој е кандидат којшто излегува од граѓаните.

-Сум работел, работам и ќе продолжам да работам за граѓаните и сметам дека може работите да ги вратиме во нормала бидејќи во моментов живееме во едно зависно друштво коешто е зависно и заложник на политички субјекти, партии коишто се менуваат од година во година. Нема никакви разлики, се полошо за граѓаните. Ние од политичкиот субјект знам имаме концепт и визија како да ги исправиме нештата и државата да им ја вратиме назад на тие на коишто им припаѓа, а тоа е граѓанинот на прво место, рече Димитриевски.

Посетата на источниот регион Димитриевски ја продолжува во Кочани, каде во целост ќе ја претстави својата програма за претстојните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот