Димитриевски: Наодите на ДЗСИ се класичен монтиран случај

Откако инспекцискиот надзор на ДЗСИ покажа прекршувања во Куманово и беше најавено дека градоначалникот Максим Димитриевски ќе треба да плати казна од 300 до 600 евра, тој за Телма изјави дека случајот е монтиран.

„Јасно е дека надлежните институции направија многу пропусти, прекршија низа закони, пред се, со објавување лични податоци, во овој случај. Тоа што беше објавено денеска не е точно и за се имаме соодветна документација. Надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот што самите не го поставиле како што треба да биде. Ова е, повеќе од јасно, класичен монтиран случај за кој ќе ги преземам сите законски дејства. Ќе ги почитувам одлуките на институциите“, рече Димитриевски.

Сепак, тој смета дека во случајот нема политичка борба тука само различни ставови на општинскиот штаб на Куманово и централниот државен штаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот