Димитриевски ќе биде казнет со казна од 300 до 600 евра, бидејќи не седел во карантин

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, ќе биде казнет прекршочно, односно ќе треба да плати казна од 300 до 600 евра, бидејќи инспекцискиот надзор на ДЗСИ, покажал неколку прекршувања во Куманово.

Директорката на ДЗСИ Иринка Сотирова Бухова на денешната прес конференција истакна дека лицето М.Д. и уште едно лице, иако добиле препорака за домашно лекување, го напуштиле домот.

-Во итната службата евидентирани се М.Д и лице Г., како итни случаи. По направената ренген сликата, за едниот е препишана веќе пропишана терапија, а за другиот дека нема потреба од терапија и се упатуваат на домашно лекување. Истите се секојденво контактирани од матичните лекари и немаат дадено податок за влошување на здравствената состојба. Лицата за кои на 16 април е издадено решение за домашно лекување, не постапиле по решението. Тоа е казниво, за што ќе се изрече прекршочен прекршок од 300 до 600 евра, рече Бухова.

Видео на денот