фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Димитриевски има повреда, Милевски дополнително го повика Давор Талески

Голманот Столе Димитриевски поради болка во грбот нема да биде во комбинација за настап против Малта на утрешниот натпревар во квалификациите за ЕП 2024.

Првиот чувар на мрежата на македонската А фудбалска репрезентација има повреда здобиена на мечот со Италија во Скопје.

Селекторот Благоја Милевски дополнително го повика Давор Талески во А селекцијата.

Голманот на ФК Шкендија, Талески веќе пристигна во Малта и ќе биде на официјалниот тренинг (19.00 часот) заедно со тимот.

На голманската позиција Милевски на располагње ги има и Дамјан Шишковски од кипарската Докса и Игор Алексовски од ФК Работнички.

Зајков: Да не се потцени Малта, треба да играме одговорно и напаѓачки до трите бода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот