ДИК: СДСМ води со 36,9, ВМРО има 35,9 отсто – Преброени 72 отсто од гласовите

Од преброени гласови од 2.491 од вкупно 3.480 гласачки места, или околу 72 отсто од избирачките ливчиња Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме” води со освоени 36,9 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ со 35,9.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 10,18, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 7,96, за Левица 4,14, за Интегра 1,39, за ДПА 1,3 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот