ДИК ја соопшти излезноста до десет часот

За време на Денешната прес конференција, Државната изборна комисија соопшти дека според добиените податоци до 10 часот гласале 80.569 граѓани, односно 6,05 отсто од избирачите.

Највисока излезност има во Прилеп 11,05 отсто, Свети Николе 11,48 отсто, Пехчево 10,22 отсто, Македонски Брод 10,11.

Најмала излезност има во Боговиње, 1,79 отсто, Липково 0,9 отсто, Долнени 1,85 отсто и Желино 1,82 отсто, соопштија од ДИК.

Гласањето во село Студеничани се уште не е почнато, бидејќи одговорното лице кое требало да ја отклучи просторијата каде треба да се гласа, одбивало да го стори тоа, па од ДИК соопштија дека  на избирачкото место 2344 гласање воопшто нема да има.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот