Дијаспората му донесе на Косово 77 милиони евра повеќе од лани

Косовската дијаспора продолжи да носи пари во Косово и оваа година. Според нивната Централна банка (ЦБК), за првите шест месеци од годинава дознаките од печалбарите драстично пораснале. Според истиот извор во првите шест месеци од годинава , во Косово влегле околу 633 милиони евра, односно 77,5 милиони повеќе од истиот период лани.

Најчести дознаки се регистрирани од Германија, но имало и Швајцарија и Америка. Оваа сума може да се зголеми речиси четирикратно ако се избројат парите што ги оставаат за време на одморот на Косово, во  текот на целата година- објави Клан Косова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот