Џорџ Флојд денеска ќе биде погребан во Хјустон

Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Афроамериканецот Џорџ Флојд, чија насилна смрт предизвика протести против расизмот низ целиот свет, ќе биде погребан денеска во Хјустон.

Златниот ковчег со телото на починатиот Џорџ Флојд вчера беше однесено во црквата The Fountain of Praise во југозападниот дел на Хјустон / Хјустон, Тексас, САД / 08 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Осум минути и 46 секунди е времето кое белиот полицаец го притискаше коленото врз вратот на Џорџ Флојд, додека го приведуваше, на 25 мај, се додека не го задуши. Целиот настан беше снимен на камера, а набргу по пристигнувањето на абулантно возило на местото на злосторството, Флојд официјално беше прогласен за мртов. Освен девојката која го сними и објави убиството, на локацијата имаше повеќе присутни лица кои го просведочија моментот кога Флојд почина, а полицаецот продолжи да го притиска неговиот врат. Видеото го обиколи светот.

Џорџ Флојд беше брутално усмртен од полицаецот Дерек Човин

На комеморацијата, што се одржа вчера во неговиот роден град Хјустон, присуствуваа околу 6.000 луѓе, а погребот ќе биде приватен. 

Флојд ќе биде погребан на гробиштата Меморијал Гарденс во Хјустон, каде почива и неговата мајка Марценија Флојд.

Семејството пред погребот издаде соопштение:

„Поради мерките за социјално дистанцирање, погребот во вторник ќе биде лимитиран на 500 гости, во кои се вклучени семејството и блиските пријатели. Ја молиме јавнсота последна почит кон Флојд да извршат во понеделник кога ковчегот ќе биде изложен и отворен за јавноста“, рекоа тие.

Кауција од 1,25 милиони долари за полицаецот Дерек Човин, обвинет за убиството на Флојд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот