Кауција од 1,25 милиони долари за полицаецот Дерек Човин, обвинет за убиството на Флојд

Дерек Човин
Фото: Hennepin County Sheriff's Office

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Човин, кој со коленото врз вратот на Џорџ Флојд ја предизивка неговата свирепа смрт при апсењето на 25 мај, ќе мора да издвои кауација од од 1,25 милиони долари, односно еден милион долари под одрдени услови, дознава ДПА од судските извори.

Човин ги прифатил условите, кои вклучуваат да нема никаков контакт со семејството на Флојд, да не работи во агенција за обезбедување или установа која го спроведува законот, да не ја напушта Минесота и да  го предаде своето огнено оружје.

Човин, кој е обвинет за убиство од втор степен, денеска за првпат се појави на суд во Минеаполис. Неговото следно рочиште е закажано за 29 јуни, потсетува ДПА.

На снимката се гледа како Човин со коленото го држи Флојд на земја, додека тој го молеше да престане затоа што не може да диши. На местото на злосторот имаше многу очевидци, меѓу кои и девојката која го сними целиот чин, а потоа го објави видеото на социјалните мрежи.

Вашингтон, САД / 02 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Видеото од смртта на афроамериканецот го обиколи светот и беше силен поттик за во моментов речиси во сите големи европски и некои светски престолнини се протестира против полициската бруталност и расизмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот