Џонсон: Да го намалиме „малигното влијание” на Русија

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен Печат

Британскиот премиер Борис Џонсон вети денеска дека ќе соработува со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел да се намали „малигното влијание” на Русија и истовремено и понуди помош на оваа источноевропска земја.

Британија и Украина постигнаа договор за партнерство во слободната трговија, кој вклучува се што е поврзано со стоката, разни услуги, царини и квоти.

– Двајцата лидери разговараа и колку е значајно да се намали руското малигно влијание, како во Украина, така и во регионот, соопшти Даунинг стрит.

Тие, исто така, изразија загриженост и поради ситуацијата во Белорусија.

– Премиерот на Велика Британија најави дека неговата земја соодветно ќе одговори за кршењето на човековите права во Белорусија, што вклучува и санкции, се додава во соопштението. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот