Џенифер Гарнер е среќна што Бен Афлек ја изневерил! Актерката објаснува како разводот ѝ донел само убавини

profimedia
Фото: Профимедиа

Џенифер Гарнер деновиве е актуелна меѓу медиумите и обожавателите од повеќе причини.

По коментарите како изгледа во костим за капење сега е во центарот на вниманието поради нејзината изјава дека е среќна што Бен Афлек ја изневерил по долги години брак.

Фото: Профимедиа

Да се потсетиме, Џенифер беше во брак со Бен Афлек од 2005 до 2018 година. Иако нивниот брак изгледаше совршено пред очите на јавноста, особено затоа што Бен и Џенифер беа навистина убав пар, а исто така според холивудските стандарди тие имаа навистина долг брак, но за жал целата приказната заврши сурово.

Фото: Профимедиа

Бен ја изневери Џенифер со дадилката на нивните деца, а покрај тоа тој имаше и големи проблеми со зависност од алкохол и коцкање што беше долго време топ тема во медиумите.

Фото: Профимедиа

Изјавата на Џенифер е шокантна бидејќи таа својот пријатен живот љубоморно го чува и скоро никогаш не открива детали од нејзиниот љубовен живот, а сега „мртва ладна“ изјави дека е пресреќна што Бен ја изневерил. Иако новинарите, а потоа и фановите останаа шокирани кога го слушнаа ова, Џенифер на крај објасни сè убаво во врска со оваа нејзина изјава.

Фото: Профимедиа

Таа рече дека е пресреќна со начинот на кој се одвивала целата ситуација со нејзиниот брак затоа што тоа ја направило посилна личност. Секако, она што го направил Бен многу ја повредило, но по траумата конечно дознала колку вреди, но и дека е крајно време да почне да се става себеси на прво место.

Фото: Профимедиа

Потоа, исто така, сфатила дека нивната врска во одреден момент станала навика и дека не треба да бидеме робови на таа навика бидејќи е исклучително штетна за нас. Таа исто така изјавила дека прељубата на Бен не е единствената причина за нивниот развод и дека врската со Бен, колку и да завршила грубо, ја научила многу за животот.

Фото: Профимедиа

На крајот на краиштата, уште пред аферата со дадилката, тие веќе живееле одделно и било јасно дека нивната врска полека умира. Додава и дека никогаш не би го вратила времето назад и да го промени тоа што се случило и дека повторно би го поминала истото со Бен.

Џенифер и Бен се имаат запознаено на снимањето на еден заеднички филм, а од бракот имаат три деца: Вајолет, Серафин и Самуел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот