Џафери и Шарец констатираа дека Македонија заслужува да почне преговори за членство во ЕУ

Фото: МИА

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва на средба со словенечкиот премиер Марјан Шарец искажал благодарност за континуираната помош и поддршка од Словенија во остварување на нашите стратешки цели за членство во НАТО и ЕУ.

-Шарец констатираше дека Република Северна Македонија направи огромни напори и инвестираше многу во процесот за зачеток на евроатлантските процеси. Како земја пример во регионот за заеднички соживот, земјата заслужува да отпочне преговори и да биде самостојно оценувања за нејзините досегашни достигнувања, со што ќе може реално да направи придвижување во својот евроинтегративниот пат. Тој го увери претседателот Џафери дека Република Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ да ги убеди европските партнери дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ – информира собраниската прес-служба.

Џафери го информирал Шарец дека нашата држава за релативно краток временски период успешно ги надмина отворените прашања со Грција и Бугарија и го отвори патот за членство во НАТО, како и за процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО, кој бележи поголема динамика од претходните членства, особено поради фактот што за девет месеци имаме заокружени ратификации во 23 земји членки со очекување следната 2020 година тој процес да заврши и земјата да стане полноправна членка во НАТО. Се заблагодарил на Словенија за првата ратификација на Протоколот по Република Грција оваа година. Во однос на ЕУ, Џафери изразил очекување дека земјата ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ на претстојниот Самит на Советот на ЕУ.

Соработката меѓу двете земји, констатирале соговорниците, треба да продолжи со несмален интензитет на поле на економијата, културата и во други области од заеднички интерес, а дијаспората да служи како мост на поврзување и унапредување на соработката на овие полиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот