Џафери до Димовски: Не дофрлајте од место

По цели три часа доцнење Собраниео ја почна денешната собраниска седница. Расправата се одвива според предвидениот дневен ред. Го нема предлгоот на ВМРО-ДПМНЕ како прва точка да биде ставена информацијата за загадениот воздух.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Владата, спикерот и владејачкото мнозинство дека поради неорганизираност прават хаос во Собранието.

-ВМРО-ДПМНЕ ви поднесе информација за амбиенталниот воздух, која не е ставена на дневен ред,. И предлог закон за одбрана, не е на дневниот ред. Ова го правите, не дека не се исполнети условите затоа што не биле досtавени на време, туку затоа што сакате политички да поенитрате. Да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да гласаат за Законот за одбрана- рече Мицевски.

Во зовриената атмосфера предизвикана од „иницијативата за загадеиот воздух“ претеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ често беше предупредуван од спикерот Џафери да не дофрла од место.

Претседателот на Собранието Џафери рече дека денешната седница се одвива според процедурите на собранискиот Деловник. Посочи дека еден претседател на собраниска комсија ја злоупотребува својата положба во врска со Законот за одбрана. „Според членот 143 од собранискиот Деловник, за прво читање на предлог на закон се одржува во рок од десет работни дена од денот на донесувањето на решението за свикување на седницата, но не подолго од 20 работни дена од денот на доставувањето на предлгот на законот до пратенците.

-Денешните закони на седницата ги исполниле овие услови. Седницата за денес е свикана на 17 декември, а тоа не ви оди во прилог на вас од ВМРО-ДПМНЕ., но е оди во прилог на било кој претседател на комсиите- рече Џафери. На днениот ред на денешната 126 седница има 124 закони.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се присутни во собраниската сала. Ја напуштија веднаш откако продолжи расправата за закaните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот