ФОТО | Девојчето што го победи ракот по поддршката од Кејт Мидлтон, ѝ испрати трогателна порака на принцезата

Кејт Мидлтон и Мила / Фото: Jane Barlow/WPA Pool / Shutterstock Editorial / Profimedia

Принцезата Кејт Мидлтон ѝ била голема поддршка на малата Мила Снедон (8) од Шкотска додека се борела со леукемија пред неколку години, пишува „Индепендент“.

Сега Мила ѝ испратила порака за поддршка на принцезата, кога дознала дека таа боледува од рак.

– Ќе бидеш храбра како мене и ќе се бориш против тоа како што јас се борев – ѝ порачала Мила Снедон на Кејт Мидлтон во изјавата за „Сандеј мејл“.

Мајката на девојчето рекла за „Сандеј мирор“:

– Бевме на шопинг кога ја слушнавме веста. Мила ми се обрати и ми рече дека сака да направи и да ѝ испрати честитка на Кејт. Мила ќе воспостави контакт на свој приватен начин –  започнала таа, а потоа додала:

– Кејт покажа толкаво сочувство, грижа и поддршка кон Мили во текот и по лекувањето. Затоа беше многу емотивно да се дознае дека таа сега се соочува со сопствени здравствени проблеми. Ракот е како заедница и клуб во кој никој не сака да биде. Многу сме тажни што слушнаме дека Кејт се приклучила на клубот, но семејството Снедон е целосно со неа и ѝ посакуваме сè најдобро. Немаме ништо друго освен восхит кон неа што излезе и јавно ја раскажа својата приказна – рекла г-ѓа Снедон.

 

Кејт Мидлтон и Мила Снедон / Фото: PA Images / Alamy / Alamy / Profimedia

Кејт дознала за приказната за Мила Снедон бидејќи фотографијата на ова девојче од изолација, во текот на пандемијата на ковид, стана вирална. Принцезата потоа двапати се сретнала со девојчето. Еднаш во март 2022 година, веднаш откако ја видела фотографијата. Принцезата ѝ испратила порака, откако Мила се излекувала од рак пред две години.

Мила првпат разговарала со Кејт Мидлтон по телефон во април 2021 година. Тие се запознале во мај истата година во Единбург и девојчето било одушевено затоа што и двете носеле розови фустани.

– Здраво, Мила, сакам силно да те прегрнам, толку е убаво што те запознав – ѝ рекла Кејт тогаш.

Втората средба се случила во декември 2021 година во Вестминстерската опатија. Мајката на Мила напоменала дека Кејт е многу нежна личност.

– Тие моменти направија Мила да се чувствува навистина посебно и тоа многу ѝ го оддалечи вниманието од третманот. Сега таа е позната како среќното девојче што ја запозна Кејт Мидлтон, а не како девојчето кое боледува од рак – рекла мајката на Мила.

ФОТО | Сара Фергусон се огласи за Кејт Мидлтон: Како некој што се соочува со рак, јас сум воодушевена од неа

Братот на принцезата Дијана искрено проговори за ситуацијата со Кејт Мидлтон: Се грижам за тоа што се случи…

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се трогнати од љубезните пораки од јавноста по дијагнозата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот