Девет милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман”

Студентски дом Кузман Јосифовски Питу/Фото: Архива СП

Владата на денешната седница донесе одлука за одобрување средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година во висина од девет милиони денари за замена на системот за греење на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу” во Скопје.

Со оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, согласно препораките од Планот за чист воздух и од Програмата за намалување на аерозагадувањето на Владата, ќе се замени системот за затоплување на домот за кој сега се користи мазут кој емитира повеќе од 28 килограми PM2.5 и исто толку PM10 годишно.

Студентскиот дом, со оваа одлука, ќе биде претплатен на системот за централно греење во Град Скопје. Трошоците за греење ќе останат слични, додека загадувањето за загревање на студентскиот дом ќе се намали за седум пати, се наведува во соопштението од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот