Дете починало во тетовската болница, било донесено во тешка состојба

Тетовска болница. / Фото: МИА

Вчера рано утрото, во тетовската клиничка болница било донесено дете во тешка состојба, кое неколку часа подоцна починало, соопшти полицијата во својот билтен.

„Околу 3:30 часот во тетовската Клиничка болница бил донесен малолетник од Тетово во тешка здравствена состојба, без траги на насилство. По укажаната лекарска помош, околу 7 часот малолетникот починал“, се вели во полициското соопштение.

Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид, а по наредба на Јавниот обвинител, телото било предадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот