Детали за убиството во Велес: Му била трета жена и таа често била жртва на семејно насилство

Фото: Архива на „Слободен печат“

Се појавија нови детали за убиството во Велес коешто денеска ја потресе македонската јавност. Имено, нивните соседи за порталот „Ти реков, ми рече“ изјавиле дека во текот на минатата ноќ не чуле ништо сомнително, но сведочат дека полицаецот наводно ја малтретирал жената.

– Ништо сомнително не слушнавме, не се случуваше, ниту гужва, ниту повици за помош. Тој беше полицаец, живееја заедно 4-5 години, но не беа во брак. Таа работеше во Дрекселмаер. Тој живеел во Шорка и ова му била трета жена. Но, ја малтеритраше. Пред некој ден купија санитарија за купатило, по три дена истата беше фрлена во двор и искршена. И децата од пет години на маало му пречеа, изјавиле соседите.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска изјави дека утрово во 5 часот е лишена од слобода 23-годишната П.И. под сомение дека му нанела убодна рана на невенчаниот сопруг.

– Утрово во 5 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода 23-годишната П.И. од Велес поради сомнение дека околу 2.20 часот во семејната куќа на ул. „Максим Горки” со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р. (40) по што починал, изјави Додевски.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот