Драма во Велес: Убиен полицаец, осомничена е неговата партнерка

Полиција/ фото МВР

Утринава околу 2 часот и 20 минути, 40-годишен полицаец бил убиен во семејната куќа во Велес. Според информациите од МВР, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес поради сомнение дека го извршила убиството со остар предмет. Неофицијално станува збор за љубовна драма.

-Таа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, се вели во соопштението на СВР Велес.

Извршен е увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против жената ќе биде поднесена соодветна пријава.

Првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето.

По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес, предадено е на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција. Во текот на денот ќе се изврши испитување на лицето за кое постои сомневање дека е сторител на кривичното дело.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот