Детали за хоророт во домот на Донарума: Голманот лежел, напаѓачите го шутирале

Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Утрово беше објавена веста за страшниот грабеж во домот на голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, а сега медиумите дојдоа и до некои детали за тоа што се случувало.

Грабежот се случиле некаде околу три часот по полноќ. Разбојниците влегле во домот на голманот додека тој спиел со неговата сопруга, а пред да го врзат и соблечат го шутирале на подот.

Донарума во нападот се здобил со две исеченици и за среќа избегнал посериозни повреди. Напаѓачите потоа го прашувале каде ги чува скапоцените работи и скоро се што не сакале да земат уништувале.

Полицијата во овој момент води истрага, па набрзо се очекуваат и повеќе информации. Донарума до овој момент не се огласил јавно.

Ужас во Париз: Донарума и сопругата соблечени голи, врзани и ограбени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот